Демонстрантите го запалија домот на премиерот на Шри Ланка
Приватниот дом на премиерот Ранил Викремесинге на Шри Ланка е цел на демонстрантите и тие го запалија. Неговата куќа се наоѓа во главниот град Коломбо. Ова се случи само неколку часа откако илјадници луѓе ја окупираа официјалната резиденција на претседателот Готабаја Раџапакса во главниот град на Шри Ланка.
„Демонстрантите упаднаа во приватната резиденција на премиерот Ранил Викремесинге и ја запалија“, изјави официјален претставник од неговата канцеларија за Би-Би-Си.
Сè уште не се знае каде се наоѓа прмерот.
Викремесинге живее со своето семејство во приватниот дом. Тој ја користи својата официјална резиденција само за службена работа.
Претходно, Викремесинге понуди да поднесе оставка и да формира сепартиска влада во пресрет на масовниот гнев во јавноста поради невидената економска криза што ја фрли Шри Ланка на колена.