Демонстранти се судрија со полицијата во Лондон поради новите мерки (видео)


Немири избувнаа во Лондон синоќа кога демонстранти се судрија со полицијата протестирајќи против најновите ограничувачки мерки воведени од британската Влада.

Според полициското соопштение, за време на демонстрациите биле уапсени 104 лица за кршење на пропишаните мерки поради новиот коронавирус.

„Повеќе од 100 лица кои се уапсени ќе мора да се соочат со последиците од своите постапки“, соопшти полицијата. Во текот на ноќта полицијата ја продолжи акцијата.