Демократски сојуз: Нападите против нас преминаа во бунило на Христијан Мицкоски
Демократскиот сојуз денеска остро одговори на нападите на ВМРО-ДПМНЕ за наводно беззаконие во „градски паркинг“ во Скопје, велејќи дека тие преминале во вистинско бунило на Христијан Мицкоски. Според ДС, Мицкоски бил е очаен во намерата да најде виновник зошто не му успеа уривањето на власта преку ново парламентарно мнозинство.
Во соопштението на ДС се вели: „Факт е дека кадар на Демократскиот сојуз, Борче Јакимовски, раководеше со јавното претпријатие ‘Градски паркинг’. Факт е дека претпријатието, не само што нема никакви финансиски дубиози, туку секоја година остваруваше добивка, а реализирани се и значајни инвестиции за унапредување на паркирањето во градот.
Факт е исто така, дека во ЈП ‘Градски паркинг’ има членови на Демократскиот сојуз, но списоците што ги изнесува портпаролот на партијата Наум Стоилковски за наводно вработување и унапредување роднини и привилегирање партиски кадри на претседателот и раководството на Демократскиот сојуз се невистинити, неточни или во најмала рака груба манипулација со полуинформации.
Портпаролот Стоилковски, иако божем новинар, не се ни обидел да провери дали има елементарна врска со вистината тоа што му го сервира да го чита на прес-конференциите нереализираниот разузнавач, актуелен директор на ‘Градски паркинг’, Бојан Христовски. Но таквото послушништво и измислиците се дел од психолошкиот профил на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не може да го смени карактерот и продолжува да води хајки против своите политички противници со безочни лаги, дрски измислици, денунцирање и подметнување“.
Демократскиот сојуз на располагање има список од барем 100 лица вработени кадри на ВМРО-ДПМНЕ во ЈП „Градски паркинг“, по чиста партиска и роднинска линија, а уште еднаш потсетуваме дека илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ се згрижени во богатите јавни претпријатија, судии, јавни обвинители, но во оваа прилика ќе наведеме само еден еклатантен пример на непотизам, семејни врски и судир на интереси.
Демократскиот сојуз му порачува на Христијан Мицковски вистинските причини за неуспехот во политиката да престане да ги бара кај другите партии, коалициски партнери на СДСМ, туку да се сврти во својот политички двор и вината зошто е во опозиција да ја побара кај себеси.