Демијан Луис не жали што не го глумел Џејмс Бонд

Англија– Демијан Луис се отвори за тоа никогаш не бил на кастинг за улогата на Џејмс Бонд, иако редовно беше поврзуван со тајниот агент 007 со години наназад.

Неодамна, името на Луис не се појави како опција кога почнаа да кружат гласини за тоа кој ќе го замени Даниел Крег како 007. Тоа е затоа што, на 49 години, Луис е веројатно малку престар да го прикаже ликот сега, нешто што тој е повеќе од среќен што призна, затоа што тој „не сака да го игра Џејмс Бонд повеќе“.

„Ако некој ме прашаше пред 10 години, тоа би можело да биде поинаку“, изјави Луис за GQ. „Но, сега немам таква амбиција. Не сакам да патувам низ целиот свет осум месеци од годината и да играм еден лик за следните 10 години .И мислам дека ќе бев најстариот актер во новата екипа, можеби по Роџер Мур. Или можеби дури и постар од Роџер Мур. Значи, знаете, не мислам дека е проблем. Мислам дека не е нешто за што треба да размислувам “.

B25_31842_RC2
James Bond (Daniel Craig) and Dr. Madeleine Swann (Léa Seydoux)
drive through Matera, Italy in
NO TIME TO DIE,
a DANJAQ and Metro Goldwyn Mayer Pictures film.
Credit: Nicola Dove
© 2019 DANJAQ, LLC AND MGM. ALL RIGHTS RESERVED.

Но, дали Луис жали што не доби шанса да игра Бонд, со оглед дека толку многу луѓе веруваа дека тој е толку совршен за улогата?

„Па, мислам дека беше прилично возбудливо пред пет години, можеби, кога бев фаворит да бидам Џејмс Бонд. Но, тоа нема да се случи. Исчезна Тоа го нема, без жалење “.

Луис се уште може да се види во Billions, петтата сезона која ќе започне да се емитува во САД овој викенд, и се очекува да се емитува во Велика Британија во овој месец.