Дембеле останува во Барселона до 2024


Францускиот фудбалер Усман Дембеле го продолжи договорот со шпанскиот гигант Барселона до лето 2024 година, објави денеска каталонскиот клуб.

Французинот останува на Камп Ноу на инсистирање на тренерот на Барселона, Чави Ернандез, кој го смета за клучен член на новиот проект на петкратниот европски првак.

Дембеле дојде во Барселона во 2017 година од Борусија Дортмунд за сума од 140 милиони евра, но во каталонскиот клуб само на моменти прикажуваше дел од својот вонсериски талент.

Крилниот напаѓач досега одигра 150 натпревари за Барселона и постигна 32 голови, додавајќи и 34 асистенции.