Демант од ССМ: Ставот е јасен, К-15 да се исплати согласно Колективните договори


Арфивска фотографија

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, демантира дека се водат преговори со Организацијата на работодавачи на Македонија за да не се исплати додатокот за годишен одмор.

„Ставот на ССМ е јасен, К-15 да се исплати согласно утврденото во Колективните договори“, се вели во реакцијата на ССМ.

Истовремено, потсетуваме дека ист став по ова прашање како ССМ има и Владата, се додаава во реакцијата.

Од ССМ нагласуваат дека исплатата на регресот за годишен одмор е право на работниците, а обврска на работодавачите воспоставено по пат на социјален дијалог утврдена во Колективен договор.

„Ќе се погрижиме оние кои не исплаќаат регрес за годишен одмор​ или бараат од работниците​ да ги​ вратат исплатените средства по овој основ кривично да одговараат“, истакнува Дарко Димовски, претседател на ССМ.