Деловната клима во еврозоната е се помрачна


Деловното расположение во еврозоната се влошува трет месец по ред, а песимизмот расте и во проценката на моменталната состојба и во очекувањата, објави во понеделникот франкфуртскиот институт за финансиска анализа „Сентикс“ (Sentix).

Економскиот показател на „Сентикс“ падна за 5,5 поени, на минус 22,5. Ова укажува дека еврозоната се уште е во рецесија, а тоа е особено лошо, „без знаци на подобрување“ во Германија.

Германија падна во рецесија во зимскиот семестар и нејзината економија оди полошо од другите во областа на заедничката европска валута.

„Негативниот рецесиски тренд е присутен насекаде во светот, освен во САД, кои сè уште пружаат отпор“, вели „Сентикс“. На глобално ниво и во азискиот регион економскиот показател бележи пад петти месец по ред.

Економските аналитичари внимателно ги следат трендовите на месечната анкета на „Сентикс“, која се појавува на почетокот на месецот, за разлика од другите важни показатели за економското расположение и очекувања, како оние што ги подготви Минхенскиот „Ифо“ или Центарот за европски економски истражувања (ZEW).