Делови од Скопје утре без вода – „Ист гејт“, „Континентал“, „Смок“, интернатот


 Без вода за пиење утре од девет часот ќе бидат неколку делови од градот, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

– Поради промена на два шибера во шахта од Ф-50 мм на улицата „Истарска“ број 33 во општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Светозар Марковиќ“, „Мирче Ацев“ и „Истарска“. Поради уличен дефект од Ф-225 мм на улицата „Архимедова“ без број до Општина Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од хотел „Континентал“, трговскиот центар „Ист гејт мол“, бензинска пумпа „Окта“, новата населба позади неа, пицерија „Смок“ и интернатот, појаснуваат од претпријатието.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.