Делови од Кисела Вода и Волково без струја

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија во периодот од 08:00 до 13:00 часот, ќе останата корисниците од ул. Димо Хаџи Димов – зграда 105А и 116 во Општина Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Од 09:00 до 15.30, без струја ќе бидат и дел од корисниците во Волково, улици 101, 102, 103.