Делови од Карпош и Ѓорче Петров утре без струја


Фото: Б. Грданоски

 Без електрична енергија утре од 8.30 до 10.30 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Црногорска“ и „Атанас Иљоски“ во општина Ѓорче Петров. 

Во периодот од 10 до 14.30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во опшина Карпош. 

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.