Делегација на Венецијанската комисија во Скопје на разговори за Законот за јазиците


Фото: Б. Грданоски

Делегација на Венецијанската комисија денеска ќе престојува во земјава, каде ќе се сретне со членови на пратенички групи и пратеници од помали етнички заедници во врска со побараното мислење од Комисијата за Законот за употреба на јазиците.

Претставници на Делегацијата на Венецијанската комисија ќе имаат средби со пратеници од пратеничките групи на ДУИ, на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ќе имаат заедничка средба со пратеници на политички партии од помалите етнички заедници, како и заедничка средба со пратеници од Алтернатива, Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и Движење БЕСА.