Дел од Скопје утре без вода поради дефект на цевка

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека утре од 9:00 часот без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Охридска“ и „Петричка“ во населбата Водно.
Прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка на улицата „Охридска“ број 50 и ќе трае до целосно санирање на дефектот.