Дел од пожарите предизвикани од искрење на жици од бандери


Центарот за управување со кризи ќе достави барање до ЕВН за компанијата да ги провери нивните инсталации.

-Во неколку случаи е утврдено дека пожарот е настанат со искрење на жици на бандери или далекуводи. Искрите паѓаат на земја и опожаруваат. Во кумановскиот регион имаме сведоци кои виделе дека искрење на жици. Пожарот во Богословец е запален по искрење на жици, имаме очевидец кој веднаш отишол на местото, но бил немоќен бидејќи пожарот се шири со многу голема брзина поради сувата вегетација и ветерот кој дува, изјави денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Посочува дека ќе побараат од ЕВН онаму каде ќе добијат ваква пријава да интервенираат.