Дел од Петровец и Ќојлија денеска без струја поради технички зафат на мрежата


Фото: Б. Грданоски

Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во Петровец и Ќојлија поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изработка на кабелска спојница на извод од трафостаницата „Макдизел“, влез-излез во ново КРО.

Без напојување во наведениот период ќе бидат и ДТУ „Еуросиг Инвестмент“ ДООЕЛ, Нанев Костадин, Брути, „Лифтас“ ДООЕЛ и „Универзал Комерц“ – друштво за трговија.