Дел од општина Карпош утре без вода

Од РЦУК Скопје информираат дека од ЈП Водовод и Канализација добиле известување дека на ден 14.08.2025 ( четврток) – поради дефект на затворач на ул. Никола Русински бб,односно објектот на АД Пошта на РСМ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот (општина Карпош).
Исто така поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. Козле 132, , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од ул.Козле, дел од Јуриј Гагарин, Мокра, Кораб и Струшка.