Дел од општина Карпош без вода


Фото Б. Грданоски

Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Никола Парапунов“ број 15 во општина Карпош. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на три затворачи на истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.