Дел од општина Гази Баба и село Катланово без струја


Фото: Б. Грданоски

Корисниците од улицата „1“ во село Каталново денеска од 8:00 до 15:00 часот ќе бидат без напојување со електрична енергија поради замена на три столба кај месноста Стари лозја во село Катланово.

Од 8:30 до 14:30 без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Благоја Стефановски“, „Разлошка“, „Валандовска“ и „Никола Киров-Мајски“ во општина Гази Баба поради интервенција на екипите на ЕВН Македонија АД во ТС Маџари 15.