Дел од Општина Аеродром без вода


Фото: Б. Грданоски

Без вода денеска од 11:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Јане Сандански“ од бр.12 до бр.32, на улица „Коста Новаковиќ“ од бр. 2 до бр.48 и на улица „Владимир Комаров“ од бр.1 до бр.33. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна шахта на булевар „Јане Сандански“ 12-4.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.