Дел од населбата Припор без вода
Корисниците од прва зона во населбата Припор денеска од 10 часот имаат прекинато водоснабдување поради дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на улицата „Христо Татарчев – крак 20“ бб, во близина на училиштето.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до отстранувањето на дефектот.