Дел од компаниите му плаќаат наемнина на Трамп околу 115 милиони долари секоја година

Доналд Трамп има многу клиенти – луѓе кои купуваат храна во Трамп Тауер – 20 долари за хамбургери, но има и такви кои престојуваат во хотелски соби, плаќајќи 475 долари за една ноќ. Најважните клиенти на претседателот сега се компании кои имаат простор во неговите згради.

Тие не се толку многу, но плаќаат солидни пари. Всушност, само 25 „станари“ плаќаат приближно 115 милиони долари секоја година. Само овие плаќања претставуваат приближно 20 отсто од сите приходи за империјата на претседателот, јавија американски медиуми.

Двте најпрофитабилните зделки се со Гучи и Најк, и се близу до стариот дом на Трамп.

Банката на Америка плаќа околу 22 милиони долари за простории во комплексот 555 California Street во Сан Франциско; Уделот на Трамп во овој обем е 6,5 милиони долари. Goldman Sachs плаќа 5,8 милиони американски долари, од кои околу 1,7 милиони долари одат на претседателот.

Tрамп не треба јавно да открива кој му плаќа наемнина.

Ова се 20 „станари“ кои, според пресметките на Форбс, му плаќаат најголема кирија на претседателот.

  1. Country-Wide Insurance Company- 82.000 квадратни метри во облакодерот на претседателот на Менхетен.
  2. Универзитет Колумбија – 120.000 квадратни метри во 1290 Avenue of the Americas.
  3. Enterprise Parking Systems – плаќаат годишна кирија од 2,3 милиони долари за 350 места во Тrump international hotel and tower.
  4. Ѕtrееt Вank and Trust Сомрану – банката му плаќа на Трамп годишна закупнина од 2,4 милиони долари за место во 1290 Avenue of the Americas
  5. Lіnklаtеrѕ – мултинационална адвокатска компанија. Една од нејзините канцеларии во САД е во Avenue of the Americas, каде плаќа годишна кирија од 2,4 милиони американски долари.
  6. Hachette Book Group – издавачка компанија. Издавачот објавува наслови, кои истовремено го популаризираат и критикуваат претседателот. Имаат место на четвртиот и петтиот кат на 1290 Avenue of the Americas. Нејзината годишна закупнина е 2,5 милиони долари.
  7. Bryan cave leighton paisner – адвокатска канцеларија, која плаќа годишна кирија од 2,5 милиони долари.
  8. Green Iv Ѕсhооlѕ – годишната закупнина е 2,6 милиони долари.
  9. UBS – Mу плаќаат на Трамп 2,8 милиони долари за „престој“ на 555 California Street Building.
  10. Kirkland & Ellis – Друга адвокатска канцеларија, закупнината изнесува 2,9 милиони долари.
  11. Dodge & Cox – Познати по своите инвестициски фондови, имаат централна канцеларија во облакодерот во Сан Франциско за 2,9 милиони долари годишно
  12. Морган Стенли е американска мултинационална инвестициска банка и плаќа 3,1 милиони годишно.
  13. Venable – Адвокатска фирма што плаќа закупнина од 3,7 милиони долари годишно.
  14. Walgreens Boots Alliance – холдинг компанијата, 3,8 милиони долари наемнина на Avenue of the Americas.

6.Cuѕhmаn & wаkеfіеld – консултантска компанија, 4,8 милиoни долари наемнина.

5.Bank of America плаќа кирија на Трамп во градот Сан Франциско од 6.5 милиони годишно.

  1. Neuberger Berman- приватна, независна компанија за управување со инвестиции, 9,6 милиони долари наемнина на Avenue of the Americas.
  2. Најк – 13 милиони долари годишно на 6 Еast 57th street.
  3. Equitable holdings – осигурителна компанија која ги користи своите простории Avenue of the Americas за 13 милиони долари годишно.
  4. Гучи – италијанска модна марка, која има под наем 49.000 квадратни метри за својата водечка продавница на 5-та авенија. Нивната годишна закупнина е 22 милиони долари.