Дел од автопат во Мичиген ќе го носи името на Арета Френклин


 

Дел од автопат во Детроит во сојузната американска држава Мичиген ќе го носи името на починатата кралица на соул-музиката Арета Френклин.

Ова е одлучено врз основа на Закон кој го потпиша гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер.

Светски прочуената пејачка почина лни во Детроит по борбата со тумор на панкреасот, пренесе АП.

Дел од автопатот ќе биде означен како „Меморијален автопат Арета Френклин“.

Оние кои го поддржаа Законот рекоа дека тоа е начин да ѝ се оддаде чест на музичката и културна икона, која пораснала во Детроит и која ги учела основите на госпелот во Новата баптистичка црква во тој град.

Според некои републиканци, кои се спротивставија на Законот, таквото оддавање чест треба да биде резервирано само за воени ветерани.