Деко нов спортски директор на Барселона


 Поранешен фудбалер на Барселона и на португалската фудбалска репрезентација Деко стана спортски директор на каталонскиот клуб.

– Одлично е што се вратив во овој клуб. Играв овде, како момче сонував да бидам овде. Сонував да играм за клубот, сакав да бидам дел од неговата историја. Сега се враќам овде во друга улога, како спортски директор. Знаејќи ја големината на клубот, многу сум среќен. Задоволен сум од проектот на претседателот, од самиот почеток помогнав однадвор. Сега и официјално сум вклучен во секојдневното водење на клубот. Има многу работа, Барса е клуб кој генерира многу работа. Имаме импресивен тим, имаме млади играчи. Имаме иднина и сегашност. Ја освоивме Ла Лига и мора да продолжиме по овој пат, да продолжиме да работиме, изјави Деко.

Барселона е актуелен шампион на Шпанија.