Дејвид Линч и Џина Дејвис ќе бидат наградени со почесни Оскари


САД-Култниот американски режисер и добитникот на „Златна палма“ во Кан, Дејвид Линч (73) и актерката Џина Дејвис (63) , наградена со Оскар во 1988 година,  ќе бидат наградени со почесен Оскар, објави Бордот на гувернери на Академијата за филмска уметност и наука. Покрај Линч, за животно дело ќе бидат наградени и италијанската режисерка Лина Вертмилер и актерот од филмот „Последниот Мохиканец“  Вест Студи.

Почесните Oскари за исклучителен придонес во филмската индустрија ќе им бидат врачени на 27 октомври во Лос Анџелес.