Дејвид Гир и амбасадорите на Германија и Шпанија дел од трибината на СЕП во Куманово

Трибината беше посветена на енергијата и енергетската транзиција


Германската амбасадорка Петра Дрекслер на трибината во Куманово (Фото: Влада)

 

Малку неочекувано, но тројца видни европски амбасадор во земјава, Дејвид Гир на ЕУ, Петра Дрекслер на Германија и Хозе Луис Лозано на Шпанија, вечерва беа дел од трибината на Секретаријатот за европски прашања во Куманово посветена на енергијата и енергетската транзиција. Преку видео обраќање на трибината од кампањата „Ние сме Европа“ Гир рече: „Членството во ЕУ ќе донесе практични и опиливи придобивки – кога станува збор за енергетска ефикасност, заштита на животна средина и подобрување на квалитетот на воздухот, кога станува збор за економска благостостојба и подобрувањето на животниот стандард“.

Гир нагласи дека „енергијата нѐ поврзува. Отпорноста на енергетскиот секор станува сѐ поважана со енергетската криза предизвикана од руската агресивна војна против Украина. Енергијата е исто така клучна во борбата против климатските промени, а обновливите извори се централен елемент во Европскиот зелен договор. Значи диверзификацијата на изворите на снабдување со енергија, преку намалување на зависноста од фосилните горива, станува задолжителна.

Вие сте Европа. Македонија е во срцето на Блаканот, географски и култуно и македонскиот јазик е рамноправен дел од културниот пејзаж во Европа. Повеќето македоски граѓани сакат да бидат дел од ЕУ – и ЕУ сака да бидете дел од неа, бидејќи ЕУ нема да биде целосна без вас“, подвлече евроамбасадорот. ЕУ, според него, верува во големиот потенцијал на Македонија и на македонските граѓани како дел од Унијата.

Амбасадорката на Германија, Петра  Дрекслер, исто така зборуваше за енергијата и климатските промени.

„Во овој момент очите  на Светот всушност не се вперени во Куманово туку во Дубаи. Таму шефовите на држави и влади, министерките и министрите на светската климатска конференција  се борат за иднината на  нашата планета, поточно за постепено откажување од фосилните горива“, рече таа.

Дрекслер додаде дека борбата против климатските промени  е приоритет на германската надворешна политика, а за таа цел  владата пред неколку денови донесе сопствена стратегија за клима за климатска надворешна политика за прв пат во историјата на државата. „Убедени сме дека светот на нафтата и јагленот  е свет од вчера. Потребна ни е јасна корекција на курсот  за да го запреме глобалното затоплување  на 1,5 степени Целзиусови а за да го направиме тоа  мора да ја удвоиме енергетската ефикасност  до 2030 година и тројно да го зголемиме производството на енергија  од обновливи извори“, нагласи амбасадорката.

Според неа, ниту една земја не може  сама да се справи со енергетската транзиција, па така и Македонија ќе успее како дел од енергетската заедница со регионална и европска перспектива со јасен фокус  на проширување на мрежите и со добра соработка  меѓу јавниот сектор и приватните инвестиции.

Премиерот Димитар Ковачевски во преполната сала во Куманово (Фото: Влада)

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање рече дека поддршката на Европската унија беше клучна во градењето побезбедна, посигурна и позелена енергетска иднина за државата. Тој упати благодарност за поддршката од 80 милиони евра за справување со енергетската криза добиени од ЕУ.

„И неслучајно денес со нас е амбасадорката на Германија и амбасадорот на Шпанија. Германија е наш голем пријател, Германија е земја во која извезуваме повеќе од половина од нашиот извоз и е држава од којашто доаѓаат половина од нашите странски директни инвестиции. Германскиот канцелар и влада секогаш беа на располагање на нашата држава при носењето на одлуките во ЕУ и да не заборавиме дека претседателката на ЕК е исто така од Германија. А Шпанија е држава која претседава со ЕУ и која исто така ни дава на такво високо ниво поддршка како држава. Бидејќи ние како држава не сме големи, но сме големи затоа што имаме големи пријатели во ЕУ и во светот“, кажа Ковачевски.

Во говорот Ковачевски истакна дека Македонија е првата држава во регионот на Западен Балкан, која донесе стратегија за развој на енергетскиот сектор, базирана на столбовите на Зелениот Договор на ЕУ, што овозможува инвестици.

На трибината зборуваа и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ, како и министерот за финансии Фатмир Бесими.