Дејвид Атенбороу го сруши рекордот на Џенифер Анистон: Милион за помалку од 5 часа


Дејвид Атенбороу, познат британски натуралист и водител, постави нов рекорд за собирање следбеници на Инстаграм.

Имено, сер Дејвид Атенбороу (94), кој се приклучи на „Инстаграм“ пред само неколку дена, ги собра првите милион следбеници за четири часа и 44 минути и со тоа го сруши рекордот на актерката Џенифер Анистон, која собра милион следбеници за пет часа и 16 минути во октомври минатата година. .

Славниот ТВ презентер и натуралист го отвори својот „Инстаграм“ профил во четвртокот, велејќи дека решил да ја искористи таа социјална мрежа за да му помогне на „светот во неволја“.

„Одлучив да го направам тој чекор, да истражам нова форма на комуникација бидејќи, како што сите знаеме, светот е во неволја“, вели Атенбороу на видеото на „Инстаграм“.

“Континентите горат, глечерите се топат, коралните гребени умираат, рибите исчезнуваат од нашите океани. Тој список продолжува. Но, знаеме што треба да се направи за тоа. Во следните недели, ќе објавам пораки за да објаснам кои се проблемите и како можеме да ги решиме”, вели тој. Со профилот управуваат продуцентите на неговиот неодамнешен филм „Животот на нашата планета“, кој ќе пристигне во кината следната недела.