Дејан Дуковски пред премиерата во Белград: Никој не ги слуша паметните, сите ги слушаат гласните…


Фото: З. Лончаревиќ

На Балканот тешко се кршат патријархалните кодови, стереотипите и предрасудите. Овде законските прописи се едно, а разбирањето и толеранцијата на општеството е друго. Понекогаш законите на примитивните обичаи и средини се пострашни од институционалните закони. Бидејќи не само што немаме традиција на демократско општество, туку и овие новосоздадени држави се квазидемократски, некакви авторитарни мутанти, вели Дејан Дуковски во интервју за белградски  „Данас“.

Македонскиот драматург – постмодернист чии дела одамна се дел од репертоарите на најелитните европски театарски куќи и сцени ширум светот, добитник на наградата на Бонското биенале за најдобар драматург од Источна Европа, повторно е пред нашата престолнина и публика (Белград н.з.), а ова враќање е веќе еден вид културен настан од самиот почеток. Новата драма „Црно злато“ на Дуковски е во режија на Оливер Фрљиќ, еден од најважните, најпровокативните и најрадикалните режисери во Европа, а ќе ја видиме за премиерата во Белградскиот драмски театар кон средината на јануари следната година.

Пробите за премиерата на оваа претстава почнаа во септември, речиси „инкогнито“, недостапни за медиумите и јавноста, а ексклузивноста на новата продукција е враќањето на Фрљиќ на Белградската сцена со оваа режија по дванаесет години – во 2012 година во Ателје 212 ја режираше претставата „Зоран Ѓинѓиќ“, која ја освои Големата награда на 47. Битеф.

Интервјуто со Дејан Дуковски за Данас во целост прочитајте го тука