Дефиле на олдтајмери во Скопје
Дефилето се одржува по втор пат и е во организација на македонскиот клуб Пежо 404, а во рамки на светската мрежа на настани насочени кон зачувување на Светското културно и технолошко наследство.
Иницијативата е поддржана од Амбасадата на Франција во Скопје и по тој повод амбасадорот Христијан Тимоние на паркиногот пред амбасадата ќе ги поздрават организаторите и љубителите на овој автомобил, по што поворката ќе се упати кон центарот на градот.