Дедо Мраз утре пристига во Германската амбасада во Скопје

Дедо Мраз од далечната Лапонија пристига во Македонија. Утре, прва станица му е Германската амбасада во Скопје, на традиционалниот Божикен базар. Домаќин ќе му биде амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Томас Герберих.
По традиција, се бара покана повеќе за божикниот настан. Дворот на амбасадата е божикно накитен, атмосферата е топла, исполнета со мирис на греано вино, германски колбаси, топли вафли, детски пунч, домашни божични колачиња, со божикни песни на детски хор и жива музика.
Гостите од сите сфери на живеење, меѓу првите ќе ја почувствуваат новогодишната атмосфера во Скопје и ќе си посакаат триесет дена пред Нова година, среќа, здравје и бериќет во 2020 година.
На присутните деца, Дедо Мраз ќе им подели подароци, а средствата од купените домашни производи од божикниот базар ќе бидат донирани за добротворни цели. (Л.С.)