Децата на Берлускони против бунга-бунга девојките: Живееле во неговите станови и добивале апанажа од 2.500 евра 


Милано – Шест месеци по смртта на особениот  поранешен италијански премиер Силвио Берлускони, во јавноста протекоа нови факти, кои им задаваат прилично главоболка на неговите наследници, петте деца кои ја наследија профитабилната компанија Фининвест. Имено, Ројтерс тврди дека постојат два правни документи во кои Берлускони се грижел за своите „бунга бунга“ девојки кои со години го забавувале на раскошните забави во неговите луксузни резиденции. За забавите од кои дури ни римските императори не би се срамеле, стана познато во 2010 година кога Берлускони лично побарал 17-годишната танчерка од Мароко, позната како „Руби – крадачкатат на срцата“, да биде ослободена од притвор откако била обвинета за кражба.

Децата, наследници на богатството на Берлускони

Неговата интервенција ги натера обвинителите да ја истражат неговата врска со малолетна девојка чие вистинско име е Карима Ел Махруг. Таа наивно разговарала со полицијата и открила дека го познава Берлускони од забавите „бунг бунга“ на кои била дел од „харемот“ кој на шефот и неговите гости му обезбедувал физички задоволства. А забавите беа моделирани по примерот на оние што ги одржуваше добриот пријател на Берлускони, либискиот диктатор Моамер Гадафи.

Секако, изби огромен скандал, а покрај Берлускони, на обвинителната клупа имаше и десетици девојки кои требаше да објаснат што и за кои пари работеле за поранешниот премиер. А сега е откриено дека Берлускони добро се грижел за добар дел од нив, наводно дваесетина манекенки и танчерки.

Имено, секој од нив добивала стан во негова сопственост во Милано на користење и месечен надоместок од 2.500 евра за барем малку да им се извини за јавниот срам низ кој морале да живеат. И сега приказната, која трае со години, децата на Берлускони сака да заврши засекогаш. Наводно, двете дами веќе добиле ултиматум дека мора да се иселат од становите до Нова година, а како што пренесува британски Дејли Телеграф, едната од нив, Алесандра Сорчинели, ветила дека „ќе се бори против оваа одлука“ и планира да ги тужи потомците на Берлускони за три милиони евра.

Наводно веќе успеале да ги стопираат месечните исплати, а сега почнуваат со иселување. Освен ако повторно се појави некаков правен документ што би можел да ги заштити забавувачките на тато.