Деца и пензионери испратени во рудник! Присилна работа во Кореја за слабите

Апетитите на Ким Јонг Ун растат пред 75-годишнината од основањето на Работничката партија

Неколку илјади пензионери и ученици од севернокорејските училишта беа однесени на принудна работа во рудникот со цел да се обезбеди изградба на болница во Пјонгјанг, чие отворање е закажано за 10 октомври.

Станува збор за ученици од основно и средно училиште, како и пензионери до 75-годишна возраст, сите од градот Сијунг и неговата околина. Откако биле „мобилизирани“, тие биле однесени во истоимениот рудник, кој се наоѓа на крајниот север од земјата, каде што копаат блокови калциум карбонат, ги мелат и ги претвораат во прав.