Дебата: Кина се противи на политиката на моќ, не разликува големи и мали земји


Албанскиот институт за изучување на глобализацијата од Тирана, денеска го одржаа форумот „Кина и Западниот Балкан: перспективи и изгледи во новата ера“, каде свои излагања имаа претставници од академската заедница, како и кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо.

Во својот говор, Ѕуо се осврна на односите на Кина со Западен Балкан за кои, како што рече, се на нова историска почетна точка и ја истакна предлог глобалната безбедносна иницијатива на кинескиот претседател Кси Џинпин за нов безбедносен концепт на заедничка, сеопфатна, кооперативна и одржлива безбедност, придржување кон дијалог наместо конфронтација и партнерство наместо сојуз. Кина е посветена да работи со сите страни, рече Ѕуо, за да создаде безбедносна заедница давајќи позитивен придонес во градењето на траен мир во светот и универзална безбедност.

-Денес, нашиот однос со земјите од Западен Балкан е стабилен, долготраен и плоден. Стоиме на нова историска почетна точка со сопствени извонредни карактеристики и широки развојни погледи. Кина продолжува со развојот на мир, водена од единство и соработка. Кина верува во еднаквост меѓу сите земји, големи и мали, и го почитува нивниот суверенитет и територијален интегритет додека се спротивставува на хегемонизмот и политиката на моќ, истакна Ѕуо.

Тој го истакна огромниот потенцијал за економска и трговска соработка меѓу двете страни и како што рече, Кина е посветена да работи со сите страни за да создаде поправедна глобална развојна заедница којашто ќе им користи на луѓето во сите земји.

-Претседателот Кси Џининг повика на глобална развојна иницијатива која го следи патот на заеднички развој и ја ревитализира агендата на Обединетите нации за одржлив развој 2030 година. Промовираме мултилатерална соработка за поттикнување на регионалниот развој и просперитет. Кина и земјите од Западен Балкан комуницираат и тесно се координираат под мултилатералните механизми како Механизмот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, градат консензус и активно учествуваат во иницијативата „Појас и пат“, рече Ѕуо и додаде дека Кина ја почитува различноста на светските цивилизации, промовира меѓусебно учење и ги охрабрува сите цивилизации да коегзистираат хармонично.