Дебата „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: РС Македонија и патот кон ЕУ”
Центарот за европски истражувања и анализи Еуропроспера, по повод 9-ти Мај – Денот на Европа, ќе организира панел дискусија на тема „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската унија“.
Модератор на настанот е Александра Димовска, извршна директорка на Еуропроспера, а како панелисти се најавени Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џабир Дерала – претседател на Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје и Џелал Хоџиќ – заменик директор на Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).