Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше утре без струја


Фото: Б. Грданоски

Сите потрошувачи од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше утре од 9 до 17 часот ќе останат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Електродистрибуција.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што велат, е планиран зафат од страна на државната енергетска компанија ЕСМ.