Дебакл на Јунајтед на гостувањето кај Евертон

Тимот на Евертон попладнево приреди големо изненадување совладувајќи го Манчестер јунајтед со 4:0 во натпревар од 35. коло на англиската Премиер лига.

Стрелци на головите за домашниот тим беа Ричарлисон, Гилфи Сигурдсон, Лук Динг и Тео Волкот.

Евертон со новите три бода собра вкупно 49 и се искачи на 7. место.

Манчестер по осмиот сезонски пораз остана на 64 бода и 6.место.