ДЕА предупредува на растечки тренд смртни случаи од предозирање со фентанил во САД


– Американската Администрација за борба против трговијата со дроги (ДЕА) предупреди на нагло зголемување на бројот случаи на масовно предозирање со дроги збогатени со фентанил.

Фентанилот е синтетички опијат и се злоупотребува како додаток на посточките дроги како што е кокаинот.

Во извештајот ДЕА посочува дека од јануари оваа година се регистрирани седум инциденти на предозирање со фентанил со смртен исход.

„Само во последнитедва месеци има седум смртни случаи, а статстиката покажува дека има 58 случаи на предозирање и 29 смртни случаи“, се наведува во соопштението на Агенцијата. Во документот се опишува случај од 28 јануари кога десет лица земале кокаин со фентанил. За дури деветмина од нив тоа била фатална доза.

На 4 март во засолниште за бездомници во Остин, Тексас, се предозирале 21 лице. Тројца починале како последица на предозирање со кокаин и метамфетамин, вклучително и фентанил. Други слични случаи на предозирање се пријавени во Јужна Флорида, Колорадо, Небраска и Мисури, што се заедно укажува на големината на проблемот.

Фентанилот кој предизвикува голема зависност може да се набави по илегални канали во сите 50 американски сојузни држави. Дилерите на дрога сè почесто го мешаат со дрога, во обид да ја зголемат зависноста и обезбедат редовни клиенти.

Агенцијата, исто така, укажува и на случаи трговците со луѓе ставале фентанил во фалсификувани лекарства што се издаваат на рецепт како „OxyContin“, „Percocet“ и „Vicodin“, а често се користат од зависниците од дроги.

Фентанил, кој е евтин за производство и смртоносен дури и во мали количини, е причина за две третини од 105-те илјади смртни случаи последица на предозирање во САД регистрирани во првите 10 месеци од 2021 година.