Де Мезиер нема да се кандидира на следните избори во Германија


Поранешниот германски министер за одбрана и еден од најблиските соработници на германската канцеларка Ангела Меркел, Томас де Мезиер, одлучи да не се кандидира на следните избори.

Де Мезиер за својата одлука ја извести ЦДУ на округот Мајсен, преку кој влезе во Бундестагот.

– Уште сега ве информирам за мојата одлука, со цел ЦДУ да може да најде наследник во мојата област, им напиша на своите партиски колеги.

Де Мезиер, роднина на последниот премиер на Германската Демократска Република (источна Германија) Лотар де Мезиер, стана министер за култура во Владата на покраината Мекленбург-Форпомерн во 1990 година, а потоа премина во Саксонија, каде ја презеде функцијата шеф на Кабинет на тогашниот премиер на таа провинција Курт Буденкопф.

Во таа покраина беше и министер за финансии, а подоцна и министер за внатрешни работи.

По парламентарните избори во 2005 година, канцеларката Меркел го зема Де Мезиер во својот најтесен тим соработници, а тој стана министер за специјални задачи.

Во втората Влада под канцеларката Меркел во 2009 година, Де Мезиер стана министер за внатрешни работи, а две години подоцна го презеде Министерството за одбрана.

По новата победа на ЦДУ на изборите во 2013 година, тој ја напушти Владата и остана во Бундестагот.

Де Мезиер ја образложи својата одлука за повлекување со тоа дека следната година, кога ќе се одржат изборите, тој веќе ќе наполни 67 години и оти по консултација со сопругата, донел одлука да се посвети на приватниот живот.