Де Геа: Ние сме Манчестер јунајтед и затоа мора да победуваме на секој натпревар


Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Геа, по нерешениот исход со Арсенал рече дека неговиот тим мора да оди на победа на секој натпревар.

– Направивме сериозна грешка и примивме важен гол. Противникот имаше неколку опасни моменти. Сега треба да гледаме напред. Ние сме Манчестер јунајтед, затоа мора да победиме на секој натпревар. Треба да ја подобриме нашата игра, изјави Де Геа.

Манчестер го има најлошиот старт во последните 30 години во Англиското фудбалско првенство. По седум кола Јунајтед е на 10. место со девет бода.