Даштевски: Јас сум најнепартиски човек кој е на чело на ДИК


Во рамки на свечената изјава во Собранието, претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, зборуваше во името на целиот состав.

„Помина уште еден чин кој беше потребен да се формира комисијата. Со колегите се договоривме од понеделник да одиме во ДИК и да видиме каква е состојбата, па оттаму да знаеме кои ќе бидат нашите приоритети“, истакна Даштевски.

На новинарско прашање, дали Даштевски е поставен на оваа функција како награда за помагањето во азилот на Груевски, тој отсечно одговори негативно, додаде и дека:

„Изборот е по предлог на партија до време на избирање, па сега можам да кажам дека јас сум најнепартиски човек кој ќе го раководи ДИК. Ако дојде до процес на законски измени, ние можеме само да помогнеме. Ние нема да го коментираме пописот, тоа не е во доменот на нашите надлежности“, истакна Даштевски.

За тоа дали новиот состав на ДИК ќе иницира одредени измени на Изборниот законик, Даштевски изјави дека тие не се во таква улога и оти тоа треба да го направи Собранието кое ги носи законите, a  Изборниот законик и другите закони поврзани со изборите ги договаат политичките партии.

– Доколку дојде до некој таков процес ние можеме само да помогнеме со наши совети кои ги имаат колегите од искуство и јас како поранешен член исто така, рече Даштевски.

Новоизбранаите членови на ДИК на своите работни места ќе седнат в понеделник, според тоа што се договориле. Тогаш и ќе се информираат и за тоа што е започнато, што треба да се продолжи, а што да се преземе.

Одговарајќи на прашање за очитувачите на отпечатоци од прсти, Даштевски рече дека не знае дали е отпочната постапката за нивно набавување, но доколку не е, бидејќи е по закон, ќе биде иницирана.