Дашо: Во Албанија има многу повеќе смртни случаи од официјалните бројки


 Експертот од албанското јавно здравство, Ерион Дашо, бара зајакнување на антиковид мерките и пти тоа ја обвини Владата дека манипулира со бројката на смртните случаи од Ковид-19.

Според него, ако е пријавен еден смртен случај, тогаш реално пет лица го загубиле животот од последици од Ковид-19.

– Се чудам и воопшто не можам да сфатам кога ќе излезат и ја бранат ситуацијата, наместо да признаеме и прифатиме дека сме во катастрофална ситуација, кога по десетици граѓаните умираат дневно. Се пријавуваат 20 починати, но стапката на смртност е повисока. Еден официјално потврден смрттен случај значи пет починати. Тоа го нарекувам јас измама од страна на Владата, изјави Дашо за телевизијата „Ора њуз“.

Тој упати апел до надлежните да донесат одлука за зајакнување на антиковид мерките „да не се дојде во состојба на целосна катастрофа“.

Во Албанија продолжуваат загрижувачките бројки на починати и новозаразени со Ковид -19, појава присутна од почетокот на февруари, кој се смета за месец со најцрна ковид статистика.

Според официјалната статистика на албанското Минстертво за здравство во февруари регистрани се 29.040 нови случаи, додека починале 406 пациенти.

Негативниот тренд продолжува и овој месец, кога за пет дена починале 101 лице сите во болнички услови, регистрирани се 4.134 новозаболени лица.