Данските разузнавачки служби предупредуваат на можно странско мешање на претстојните парламентарни избори на Гренланд

Разузнавачките служби во Данска предупредуваат на евентуално странско мешање на претстојните парламентарни избори во данската автономна територија Гренланд.
Зголемената конкуренција меѓу светските сили за Арктикот, во комбинација со дебатите за меѓународната безбедност и територијалната независност, доведе до ширење на лажни информации, особено на социјалните мрежи, предупредуваат данските и странските разузнавачки служби во заедничката процена.
Во извештајот се посочува дека интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд, како и ширењето на лажни информации, може да биде искористен од странските сили за ширење на дезинформации.
Според разузнавачите, актуелната ситуација може да ја искористат странските сили за ги унапредат сопствените интереси. Во процената се посочува дека Русија има голем интерес да ги подели земјите-членки на НАТО и да ги ослабне западните земји.
Во извештајот се посочува дека не е во интерес на Русија зголемувањето на влијание САД врз Гренланд, каде има американска воена база.
Трамп повеќе пати изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата врз Гренланд, не исклучувајќи употребата на воени или економски средства.
Владата на Гренланд во повеќе наврати соопшти дека сака поголема автономија од Данска, без да земјата да стане дел од САД. Гренланд управува со внатрешните работи, додека работите поврзани со одбраната и надворешните работи ги решава Копенхаген. Гренланд е економски зависен од Данска.
Парламентарните избори на Гренланд ќе се одржат на 11 март.