Данска: По три часа бегство, вратен во затвор убиецот кој уби шведска новинарка
Осуден убиец од Данска, кој уби шведска новинарка за време на интервју во неговата подморница, и го фрли нејзиното распарчено тело, избега од затвор. Поранешниот бизнисмен Питер Мадсен (49) успеа да избега од затворот Херстедвестер, каде издржуваше доживотна казна затвор за убиството на Ким Вал во 2017 година.
Но, после три часа бегство, данската полиција успеа да го фати и да го врати во затвор.
Локалните медиуми пишуваат дека се одвивала вистинска драма, при што Мадсен се заканувал со бомба, па на местото на настанот биле присутни и припадници на специјалните дански единици.
Медиумите посочуваат дека убиецот веќе бил во изолација во затворот, бидејќи постоеле индиции дека се подготвува за бегство.
Во април 2018 година, дански суд го осуди иноваторот Мадсен на доживотна казна затвор за убиството и сексуалниот напад на новинарката Ким Вал, чии делови од телото беа пронајдени во водите близу Копенхаген. Вал беше пријавена за исчезната по посетата на неговата подморница. Тогаш Мадсен тврдеше дека смртта на Вал била несреќен случај, но призна оти го распарчил нејзиното тело и дека ги фрлил остатоците ноќта на 10 август 2017 година.
Мадсен, исто така, беше обвинет за „сексуален напад од особено опасна природа“ откако беа утврдени голем број внатрешни и надворешни на телото на шведската новинарка. ссм/