Данска ја оправда улогата на фаворит и резервира билет за финалето, заврши бајката на Португалија
Данската машинерија ја совлада волшебната Португалија, која во полуфиналето ја заврши својата неверојатна серија на Светското првенство во ракомет.
Тие беа поразени од трикратните последователни светски шампиони со резултат 40:27 (20:16). Сепак тие ќе имаат можност да освојат медал во дуелот со Франција за бронзата.
Иако напаѓачите на победничкиот тим беа извонредни, голема заслуга за триумфот има голманот Емил Нилсен, кој забележа 15 одбрани на натпреварот.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Матијас Гидсел кој постигна девет погодоци, а го следеше Расмус Лауги со шест.
Од друга страна, најефикасен беше Антонио Ареја со пет гола.
На овој меч беше неутрализиран најголемиот адут на Португалија, Франциско Коста, кој само двапати успеа да постигне гол.