Данска ги укина рестрикциите за македонските граѓани


Данското Министерство за надворешни работи објави дека земјите од портокаловата листа, како што се Македонија, Албанија, Либан и Србија, се додадени на жолтатата, откако Серумскиот институт „Статенс“ објави пад на стапката на инфекција на овие земји.

Според соопштението за печат издадено од Министерството, од 19 јуни, патниците кои доаѓаат од овие земји имаат право да влезат во Данска без карантин, и без двојни барања за тестирање, пренесува SchengenVisaInfo.com.

Сепак, останува непроменет условот за тестирање по пристигнувањето од жолтите земји.

Освен овие земји, на жолтиот список се додадени и неколку региони на Грција, Шпанија, Франција и Швајцарија

Во соопштението, исто така, се наведува дека ниту една земја не се додава од жолтата на портокаловата листа. Патниците од портокаловите земји сè уште можат да влезат во Данска од несуштински причини, но мора да бидат подложени на самоизолација и барања за тестирање.