Данска: Две деца киднапирани од ресторан – потрагата е во тек


Две деца биле киднапирани од ресторан во Данска кога дошле со својот татко да гледаат огномет.

Стефан Хансел седел во ресторан со своите деца и чекал да започне огнометот, кога двајца киднапери го нападнале и ги ставиле децата во два автомобили.

Инспекторите веднаш започнале потера, а информирани се и властите во Германија поради сомнеж дека киднаперите ќе ја преминат границата.

 

Инаку, двата автомобили биле регистрирани со германски регистарски таблички.

Како што објави Билд, киднапираното момче Теодор (10) и девојката Клара (13) се деца на познат сопственик на ресторан во Данска кој е во врска со ТВ легендата Џерард Делинг (64).

Мајката Кристина нема никаков контакт со децата по разводот од нивниот татко Стефан.

Засега ниту германските ниту данските власти не знаат каде се двете деца.