Даниловски бара полициски час


Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа, предуредува епидемиологот Драган Даниловски во изјава за Сител.Тој побара строги рестриктивни мерки  и да се ограничи движењето на граѓаните во вечерните часови.

„Да се воведе полициски час не од 23 часот, туку можеби од 21 и ограничување на движењето во некои области каде бројот е поголем, ограничување на работното време на фирми и водење сметка за јавниот превоз. Јавниот транспорт е изворот на сите проблеми“, изајви Даниловски за Сител.