Даниел Крег се повреди на снимањето на новиот филм за „Џејмс Бонд“


Англија– Актерот Даниел Крег го повредил глуждот за време на снимањето за претстојниот 25-ти филм од серијалот за авантурите на Џејмс Бонд. 51-годишниот актер снимал сцена на Јамајка, кога се лизнал и паднал, соопшти „Контактмјузик“.

„Даниел беше подготвен за една од последните сцени во Јамајка. Тој трчаше, кога се лизна и падна. Изгледа многу го болеше и се пожали на глуждот. Очекувано инцидентот го изнервира. Од немоќ тој дури го фрли палтото на земјата“, раскажува неименуван извор, цитиран од „Сан“.

Даниел Крег е транспортиран во САД, за да биде прегледан од истиот хирург кој ја лекуваше фудбалската ѕвезда Хари Кејн порано во текот на годината. Досега, не е јасно дали актерот го скршил, свиткал или го повредил глуждот. Поради инцидентот, планираните снимања за викендот во лондонските студија „Пајнвуд“ се откажани.

Даниел Крег не за прв пат добива повреда за време на снимање на филм од серијалот Џејмс Бонд. Актерот, кој тренира напорно за улогата и сака сам да ги извршува акробациите, загуби два заба, додека го снимаше „Казино Ројал“ во 2006 година. За време на снимањето на „Трошка утеха“ во 2008 година актерот скина мускул на рамото, ги повреди ребрата и го исече прстот. Во 2015 година се наметна снимките за филмот „Спектар“ да бидат прекинати за две недели, за да може Крег да се подложи на операција.

Засега неименуваниот 25-ти филм за тајниот агент 007 треба да биде прикажан во април 2020 година.