Даниел Данн на „Самерленд“


Вечерва од 21часот, во склоп на летниот фестивал „Самерленд“ на Школка во Скопје, ќе настапи македонскиот артист Даниел Данн. Заедно со својот бенд ќе испее дел од своите авторски песни, како и најголемите светски и македонски поп-хитови.

Публиката Данн го запозна како ексклузивец на Масив Скај Мјузик и Горила Продукција. Изминатите години тој освои многу награди на регионалните фестивали, притоа оставајќи зад себе радиски хитови како: „Губам од себе“, „Сила на љубовта“, „Створен да те сакам“, „На некој друг“…

Последниот сингл „Саншајн“ го објави на англиски јазик во соработка со светски познатата диџејка и продуцент Марга Сол. Имено, тоа е и синглот со кој Даниел Данн  ќе го отвори двочасовното шоу.