Дани Роуз: Казните за расизам се смешни, трошам толку за една вечер

Дефанзивецот на Тотенхем, Дани Роуз, рече дека е разочаран од манифестираниот расизам од страна на црногорските навивачи на квалификацискиот натпревари за ЕП, освоен од Англија со 5:1.
Роуз, исто така, изрази мислење за борбата против овој негативен феномен на глобално ниво.

– Пред осум години во Србија со мене се случи истото. Затоа и мислев дека во Црна Гора нема да биде ништо поразлично и бев во право. Но мајмунските звуци не влијаеја на никаков начин на мојата игра. Веќе сум големо момче и знам дека победата не е најважно, кога сме во таква ситуација. Но, во овој момент само сакав да победиме и како што се вели, што е можно поскоро да си заминеме од Црна Гора, прокоменитра 28-годишниот играч.

Фудбалерот смета дека превенцијата, разговорите и конечно казните не се доволни за да биде запрен расизмот.

– Се разбира, тажно е дека пред натпреварите секогаш се зборува за ограничување на расистичките манифестации и никогаш не се случува ништо. Но, зошто се чудиме откако казните за федерациите се еднакви на сума која јас ја трошам за една вечер во Лондон. Пример, нашиот менаџер Маурисио Почетино го дисквалификува за два натпревари поради спор со судијата, а една држава ја казнуваат со некоја незначителна сума за расизам. Такво казна е само фарса и ништо друго. И ако нема сериозни казни, ништо нема да се случи, додаде Роуз.