Дани Алвеш: Хрватската фудбалска школа е слична на српската, нема да ни биде лесно


ОАЕ – Бразилскиот фудбалски репрезентативец Дани Алвеш денеска изјави дека Хрватска ќе биде тежок противник за неговата репрезентација во четврт-финалето на Светското првенство во Катар, пренесува веб-страницата Гол, пренесува Танјуг.

„Хрватска е тежок противник со добри фудбалери кои играат во европските клубови. Нивната фудбалска школа е слична на српската. Мора да се прилагодиме на нивниот стил на игра и добро да го испланираме натпреварот“, изјави Алвеш.

Бразил во осминафиналето на Мундијалот ја совлада Јужна Кореја со 4:1, додека Хрватска по подобро изведување пенали ја елиминира Јапонија со вкупен резултат 4:2.

Победникот од мечот меѓу Хрватска и Бразил ќе игра во полуфиналето на Светското првенство со подобриот од мечот меѓу Аргентина и Холандија. Алвес е добар пријател со капитенот на Аргентина, Лионел Меси.

„Што да кажам за Меси? Сè поминува низ него, низ неговите нозе. Тој е во брутална форма. Сè што треба да направиме е да се бориме за нашата кауза. Од почит кон Хрватска, мораме да размислуваме за тој натпревар, бидејќи сме во четвртфинале, а не во полуфинале. Хрватска е полна со квалитет и заслужуваат 110 проценти од нашето внимание“, заклучи Алвеш, кој моментално е член на мексиканскиот Унам.

Натпреварот меѓу Бразил и Хрватска се игра во петок од 16 часот. (Политика)