Данска слаткарница продава „Морон колачи“ со ликот на Трамп
Како реакција на настојувањата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да го преземе Гренланд, слаткарница во Данска почна да продава нколачи со неговиот лик, нарекувајќи ги „Морон колач“.
Инаку, последното истражување на јавното мислење покажува дека 85 отсто од Гренландците не сакаат да се приклучат на САД и покрај тоа што Доналд Трамп тврди дека населението на островот „сака да биде со нас“. Новото истражување на анкетарот „Вериан“, нарачано од данскиот весник „Берлингске“, покажа дека само 6 отсто од Гренланѓаните се за да станат дел од САД, а 9 отсто се неопределени.